Melancholic Machine (2012)

by Noviot Pochetok

/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.

      €1.99 EUR  or more

     

1.
02:37
2.
3.
4.
5.
03:11
6.
03:45
7.
8.
9.
03:35
10.
01:11
11.
12.
04:32
13.
01:16
14.
01:41

credits

released February 24, 2012

Filip Tasevski - Fitz aka Feetz (vocals, guitar)
Nikola Isailovski - Fat Cacko (guitar, yelling vocals)
Aleksandar Petrovski - Ace (bass, no vocals)
Deni Krstev - Denny (drums, vocals)

Recorded in studio Enterprise by Valentino Skenderovski (May 2011 – October 2011).
Produced, edited, mixed and mastered by Valentino Skenderovski & Noviot Pochetok.
Released by Sixtynine Records on February 24th, 2012.
Available in Jugoton GTC, Skopje, Macedonia and at Sixtynine Record's distro.

All music and lyrics by: Filip Tasevski - Fitz aka Feetz
*except: Epilog - music by: Aleksandar Petrovski - Ace, Posmrten Marsh - music by: Nikola Isailovski - Fat Cacko.
Arranged and played by: Noviot Pochetok

Band photo: Borjan Sandrevski
Artwork: Filip Tasevski - Fitz aka Feetz

*note - physical cd has a hidden track.

tags

license

all rights reserved

about

Noviot Pochetok Macedonia

Noviot Pochetok is one of the longest running punk rock/melodic hardcore bands from Macedonia, being around since 2002. They have released 4 LP's so far, and in the recent years they’ve played 5 longer tours across Europe. The band is mostly recognised for their energetic live performances. ... more

contact / help

Contact Noviot Pochetok

Streaming and
Download help

Track Name: Dopir
Види ме мене каде сум
oткога те запознав не сум повеќе нормален.
Ме оставаш без здив и без зборови
само кога ќе застанеш до мене.

Чудна состојба, лажен аларм,
сакам да те допрам... умирам за да те допрам...

Ќе се каеш ли некогаш ти, ако патиштата ни се разминат?

Си играш со мене...
а јас не играм со тебе...
робови на љубов и омраза.
Спокојна насмевка, ме погледнуваш...
но, никогаш не знам што чувствуваш.

Ме чувствуваш ли сега?
Преку стаклото? Посакуваш ли да исчезне?
Само едно знам сигурно - не можам да издржам... не можам повеќе да издржам...
Уште колку ли треба да чекам?
За тебе би ја чекал и вечноста.

Среќна ли си?
Ме чувствуваш ли во себе...
или лажно се надевам?
Во овој материјален свет
нема ништо искрено,
само мојата љубов кон тебе...

Само сакам да те допрам...
умирам за да те допрам.

Си играш со мене...
а јас не играм со тебе...
робови на љубов и омраза.
Спокојна насмевка, ме погледнуваш...
но, никогаш не знам што чувствуваш.
Track Name: Godini Podocna...
“Времето полека не убива”
- така викаше еден пријател мој,
никогаш не го заборавив.
Сликите остануваат
но лицата се менуваат...
колку само ебено брзо
проаѓа времето...

Нино забега на роба,
Дени е во некоја самоубиствена секта,
Геровски го бара целиот град
(сакаат да го убијат).
Фичо е сега коцкар...
Васко е веќе разведен...

Дали само јас останав различен?
Обратно од ебено абнормален?
Оваа лента на автоматизација
не одведе во гроб,
но јас сеуште живеам.

Томче продава дрога,
Виктор загина во војна...
Загина за ебената држава,
а не за својата фамилија (како што мислеше).
Ана и Ива се курваат,
на татко им фирмата пропадна.

Дали само јас останав различен?
Обратно од ебено абнормален?
Оваа лента на автоматизација
не одведе во гроб...
не одведе во гроб.
Но јас сеуште живеам.
Track Name: Nadrealni Prikazni
Воздушни летала
над главата моја пак.
Надреални приказни
во моите замисли.

Непостоечка иднина,
страшна инсомниа.
Надреална фикција,
во мојата “адикција”.

Тоа си ти,
само ти,
само ти ги знаеш
моите намери
А јас не...
и крај, ова е крај
на мојот напор да те освојам
како ли само да престанам...?

Далечни спомени,
ненадејни промени.
Овој ден е мамурен,
овој ден е многу сив.

Без тебе,
само ти...
Само ти ги знаеш
моите намери.
А јас не...
и крај,
ова е крај
на мојот напор да те освојам
како ли само да престанам...?
Како ли само да престанам?
Track Name: Sekogash Tvoj Prijatel
Пријатели, познаници, оваа песна е за вас.
Триаголници, Дон Перињон-и, пудлици, Ленинова.
Тенис мечеви, добри возила и скапи очила...

Мики и КИМ, Бонго Кола™, бамбус сокчиња...
Немање пари, дремење пред ко0перација...
Дрогирање, начукување, паѓање во кома...

Секогаш тука за тебе
на средина, секаде.

Коктели, миксови, Зоки еден™, два™ и три™...
Самоубиства™, геј прајд-ови™, и нуклеарни станици™...
Темни улици, тешки шанкови и “изгрејсонциња”
не фаќаат,
добро утро, добар ден (добар ден).

Секогаш тука за тебе,
секогаш тука сум некаде,
секогаш твој пријател.
Track Name: Tamu Zhiveam
Во делириум од идеи
пливаме секогаш.
Атоми на омраза,
во оваа одмазда...
Растргнати на патот помеѓу
ултра левица и десница...
Сакам да го победам гневот,
хендикепиран сум, не можам.

Секогаш нешто чекам,
никогаш не дочекувам.
Судбина и немам,
не се предавам.
“Ќе биде подобро,
ќе биде поубаво”
- секогаш наивно верувам,
сега кревам среден прст.

Апатија, средното име на
мојот комшија,
секогаш проколнат.
Во земјата
на проколнатите,
во бесконечна транзиција - таму живеам...
ме заробија вечно,
отцепен од светот.

Апатија, средното име на
мојот комшија,
секогаш проколнат.
Во земјата
на проколнатите,
во бесконечна транзиција - таму живеам...
ме заробија вечно,
отцепен од светот.
Track Name: Novela
Лисјата повторно паѓаат,
ги бројам деновите.
Овде отстапувам,
заборавам, оставам,
за тебе се завршува трагично.

Ништо не ми кажувај за крај.
Како да се борам сам со себе...

Последни зборови,
неутешителни.
Баш го посеруваш
секој мал момент, секој убав миг.
Кога гледаш во огледало,
нема ништо во него.

Сега еве стигнавме на крај.
Како да си зборам сам со себе.

И сега знам,
иако те знам,
пред тебе непотребно виновен
сега се исповедам.

И сега знам,
овде завршува
се што било некогаш
или не било никогаш?

Ме гледаш ли?
Сега се е залудно.
Ме слушаш ли?
Ништо не е праведно.

И сега знам,
иако те знам,
пред тебе непотребно виновен
сега се исповедам.

И сега знам,
овде завршува
се што било некогаш
или не било никогаш?

Јас по тебе, јас за тебе...
не се двоумам...
јас по тебе,
јас за тебе...
за тебе...
Track Name: Milion Prashanja
Еј кажи ми ти,
зошто постоиш?
Милион прашања
без одговори.

Истите тие секој час,
од ден на ден
ги поставувам
на секого и секаде.

Сега повторно јас,
ништо ново не кажувам,
истите луге секој ден
ги запрашувам.

Еквилибриум-да!
Движечки-не!
20 века наназад
– таму сме некаде.

Оаза на мир,
без промени.
Парадоксaлен крај,
вечни спомени...

Што сакав да кажам
заборавив?
Милион прашања без одговори.
Без одговори.
Track Name: Sopstvena Parodija
Често одам сам со насмевка на мојата маска,
a и немам срам од вистинската лузна да ја покажам.
По улицата сиви надвиснати дрвја, јас сум нивен роб,
а би сакал да видам небо, јас да се ситам на сивилото...

Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам зошто

јас сум сопствена пародија, јас сум ебена нус појава.

Стојам цврсто, кога газат врз мене не ме боли.
Одам по вода и ни оган неможе да ме изгори.
“Пепел во пепел” и “прав во прав” сега ме води.
Глава во торба и самоубиствен нагон, полни со омраза протони...

Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам зошто

јас сум сопствена пародија, јас сум ебена нус појава...
на моите родители омилената нус појава...
јас сум сопствена пародија.

На зградите цврсти решетки.
Излези и помирисај го бетонскиот здив.
Порано бев човек јас.
Порано беше човек и ти...

Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам
зошто денес се чувствувам подобро
и знам... знам.

Јас сум сопствена пародија,
јас сум ебена нус појава...
на моите родители омилената нус појава...
јас сум сопствена пародија.

Јас сум сопствена пародија. Јас сум сопствена пародија.
Track Name: Mashina
Машината е вклучена,
немаш време ти да размислиш.
Кој ли има време да троши денес,
кога времето се смета во пари?
А на пари има дефицит.
Еден ќе остане да стои кога
музиката ќе запре
столчињата ќе бидат зафатени.

Полициска држава,
парадигма веќе постечка,
а медиумите го кажуваат
она што сакаат да го чуеш.

Те лажат секој ден,
преферираш да им веруваш,
се гушиш во толпата.
Ти се допаѓа контролата.

Машината е вклучена,
малку време имаш да размислиш...
Ти и Хитлер би го изгласал,
“Мојата борба” ти е омилена.

A aпатијата те убива...
Владата ти е “најсвета”,
а ти продава лажна среќа...
Те купува со човечки производи.

Полициска држава,
парадигма веќе постечка,
а медиумите го кажуваат
она што сакаат да го чуеш.

Те лажат секој ден,
преферираш да им веруваш,
се гушиш во толпата.
Ти се допаѓа контролата.

Сакам да го разбудам твојот револт.
Сакам да го сменам лицето на земјата.
Сакам да станеш од кома.
Сакам се да гори.
Ја сакам твојата омраза.
Сакам да стоиме рамо до рамо.
Заедно, сите еднакви.
Ова е реалност.
Ми треба твојата рака сега...

Расизам,нацизам.
Лажен патриотизам.
Силикони, абортус,
шовинизам и сексизам
Хомофобија, страв,
беда и контрола.
Закон за дрога,
закон за алкохол.
Закон за дишење.
Закон за недишење
Закон за мислење.
Закон за немислење.
Закон за ебење.
Закон за не-ебење.
Ми треба твојата рака сега!
Ми треба твојата рака сега!

Полициска држава,
парадигма веќе постечка,
а медиумите го кажуваат
она што сакаат да го чуеш.

Те лажат секој ден,
преферираш да им веруваш,
се гушиш во толпата.
Ти се допаѓа контролата.

Сега кажи ми
каде е жолтата линија?
Дали и ти си надвор од неа,
или внатре во машината?
Track Name: Amater
Кажи ми, си го гледал ли мојот филм?
Можеш да се пронајдеш и во сопствена режија.
Но, погоди што - на крајот секогаш победува позитивниот лик.

Внимателно, го претставувам негативецот.
Инвазија на ликови од парадоксална аматерска библија...
Акција, камера, секогаш аматер.
Track Name: Posmrten Marsh
Канделабрите паѓаат.
Свесно потпишуваш капитулација.
Улиците горат пак, о, колку прекрасна ноќ!

Голем брат, скриена камера.
Твоја изопачена намера.
Клаустрофобичен сум, се сафросав!
Целиот живот ме лажат дека живеам...

затоа вечерва сите ќе горите.

Последна молитва.
Пекол на земјата.
Ова е пекол на земјата,
и сега одбројувам...
Ова е крај, и нема рај,
ќе горите засекогаш,
молитвата е залудна.

Само милион долари,
плата на оркестарот од гробари.
Свират посмртен марш.
Свират за последен пат.

Агонија во иронија...
блуд, страв, дисхармонија.
Оган и пламен го гори селото,
а и бабата изгоре со него.

Последна молитва,
пекол на земјата.
Ова е пекол на земјата,
и сега одбројувам...
Ова е крај, вашиот крај.
Ќе горите засекогаш,
штотуку ве закопав.
Track Name: Bulimija
Нема да пишувам
повеќе за тебе...
ова е последно,
финално.
Се лажам пак.

Траги изгубени,
соништа далечни,
секогаш несреќни,
такви сме јас и ти.
Одамна веќе не знам дали постоиш.

Нема да зборувам
повеќе за тебе...
ова е последно,
финално.
Се лажам пак.

Празни спомени,
знаци и насмевки,
безвременски моменти,
чудни зборови.
Одамна веќе не знам – постоеше ли ти?

И сега пред да заминеш,
последен пат зборувај ми
немаше никогаш јас и ти.

Само празни зборови,
кршење на слогови,
а неми сме и немаме глас,
вриштиме во тишина.

Никогаш не пробавме,
ништо и немавме,
секогаш преблиску,
никогаш премногу.

Одамна ја изгубив храброста,
и само надежта ме проколна.

Билет во еден правец,
сега одиш што подалеку
од мене...
од мене.

Заробени во дупката на времето,
изгубени во просторот,
а ништо не постои...

Нема пишувам повеќе за тебе,
нема за зборувам повеќе,
ова е последно, ова е финално,
нема да пишувам повеќе.

Никогаш повеќе, никогаш повеќе,
нема да пишувам за тебе.
Нема да зборувам... се лажам пак.
Ова се е за тебе.
Track Name: Epilog
Почитувани дами и господа, граѓани на Република Македонија, градејќи ги своите визии врз историските корени на конзервативната, диктаторска, ултра-христијанска, националистичко-фашизоидно-шовинистичка, лажно-патриотска, ултра десничарска, расистичка, сексистичка, хомофобична, анти-предавничка, и ултра-тоталитаристичка мисла, ви ја презентираме нашата болна, садо-мазохистичка, брутално-самоубиствена, деградирачка, и кретеноидска програма за овие избори... Ако не сте со нас сте опозиција, ако сте против нас, ќе ви ги силуваме жените, децата, сестрите, ако ги немате ќе ви ги направиме, ако ги направиме, пак ќе ги силуваме и нив, и вас, и сите... ако се спротивставите или дадете отпор, ќе ве сотреме како мали инсекти, ќе ве уништиме, масакрираме, ќе ве силуваме.....
Track Name: Rolerkoster
Во трета деценија
имам само баркод,
запечатена лузна,
отворена рана
и недвижечки крвоток.
Ме закопуваат
а штотуку се родив жив.
Не успеав да докажам
дека не сум крив...
за сите грешки
што ги направија
моите идни потомци.
Се трудам да се борам против
мали непостоечки
зелени суштества
во невидливите логори.
Клише непријател
пронајди-уништи.

Мисија заврши.
Успешно ве освоивме вас.
Сега сте под нас...

Можеби премногу барам
но премалку добивам.
Ставам глава во торба
и чекам
да го преживеам
ролеркостерот на животот
во овој смрдлив град,
немам иднина,
немам ништо,
само сакам да се расплачам...

Мисија заврши.
Успешно плачеме.
Излетувам, ме нема повеќе.

Брза помош пристигнува.
Се слуша твојата молитва.
Ме закопуваат,
штотуку роден жив,
загинав без посебна причина.
Ова е мојот крај.